Горан Бреговиќ иако со години е во стабилен брак, доживеа жени да се караат и тепаат за него. Како што дознава„ Курир.рс“, инцидентот се случил во Париз, кога водачот на Оркестарот за свадби и погреби најпрвин имал тајна врска со едната, а потоа и со другата девојка.
Со месеци бил во паралелна врска со двете жени. Обете му се допаѓале, секоја на свој начин и не можел да ги остави.
Кога едната дознала за другата настанал хаос, се степале па обезбедувањето во хотелот едвај успеало да ги раздвои.
72 годишниот Брега има имот во Париз каде престојува, а им изнајмува хотел на своите љубовници. Кога за скандалот дознала неговата сопруга, музичарот извесен период не бил во контакт ниту со една од девојките, но кога страстите стивнале, тој одвреме-навреме повторно се гледаал со двете љубовници.