Македонскиот ракометар Дејан Манасков најчесто имаме прилика да го видиме во дресот со кој ги брани боите на репрезентацијата.
Дејан заедно со неговите колеги и ракометари кога играат за репрезентација, секогаш прават се што можат за да се покажат во најдобро светло.
Мансаков најчесто може да го видиме како игра ракомет, го остава своето срце на терен и го дава најдоброто кога е потребно.
фото:гол.мк
Овој пат, Дејан пред неговите следбиници на социјалните мрежи се покажа во сосема друго светло, па наместо во дрес, Манасков покажа како изгледа кога готви.
Репрезентативното крило на „Инстаграм стори“ сподели фотографија, на која во фармерки со престилака преку голото торзо Шеф Дејан покажа дека покрај тоа што умее да дава голови, одлично умее и да готви… Или поточно, да пече скара.
фото:инстаграм