За една компанија да работи со успех, мора постојано да вложува во своето работење, како и да воведува новитети во понудата на производи или услуги кои ги нуди. Задоволството на постојаните потрошувачи, како и привлекувањето на нови идни купувачи е мотив број еден во работењето.
Млекарата VEMILK од Битола постојано се труди да ги понуди најдобрите и најквалитетните производи на пазарот. Производите под брендот VEMILK одржувајќи ги високите стандарди и врниот квалитет, континуирано го надополнуваат своето портфолио со нови вкусови и ги изненадуваат и освојуват потрошувачите.
Користејќи внимателно одбрани состојки и квалитетно млеко, големото VEMILK семејство ја збогатува својата понуда на млечни производи за уште еден нов вкус. За прв пат, на пазарот во Македонија, ќе се лансира домашно произведен VEMILK КЕФИР со уникатен, освежителен вкус и идеална густина.
Кефирот е напиток многу сличен на јогуртот, кој се произведува на скоро ист начин, со ферментација, збогатувајќи го млекото со „кефирни култури“ кои го менуваат неговиот состав. Но, тоа што го прави кефирот многу помоќен и поздрав пробиотик од другите млечни производи, е големиот број на „добри“ млечни бактерии кои ги содржи, а истите се многу важни за дигестивниот тракт.
Покрај тоа што е моќен пробиотик, кефирот содржи голем број на витамини – А, Б1, Б2, Б6, Б12, Д, минерали – калциум, калиум, магнезиум и фосфор, како и природни протеини. Кефирот содржи и триптофан – амино киселина која е значајна за зголемување на хормонот на среќата.
Освен што е богат со витамини, минерали и проетини, овој „супер напиток“ нуди и огромен број на придобивки за одржување на здравјето на секој човек. Јакнењето на имунитетот, воспоставувањето на нормален крвен притисок, обновувањето на цревната флора, намалувањето на холестеролот, се само дел од придобивките кои ги нуди кефирот.
Млекарата VEMILK при своето производство користи врвна технологија и светски стандарди и иновации, со што се овозможува брзо издигнување на пазарот, на секој нов производ. VEMILK кефирот, како прв македонски кефир, благодарение на специфичните „кефирни култури“ е погоден за секој, дури и за луѓе кои имаат интолеранција на лактоза.