Фолк пејачката Гога Секулиќ е бремена на 41 година, а со нејзиниот партнер Урош Домановиќ едвај чекаат да станат родители
„Сега е малку тешко и времето е топло, но не сум комлицирана. Користам некои ситуации да ми угодуваат, но во секој случај подобро да бидам активна, отколку пасивна, вели Гога која одлучи по породувањето да посети пластичен хирург за да ги намали градите.
„Бременоста многу ја промени Гога! Почна да размислува поразлично, но и на друг начин да ја води својата музичка кариера. Со оглед на тоа дека е позната по провокативниот изглед, како и провокативните песни, Гога одлучи тоа да го промени по породувањето. Исто така одлучи да ја промени фризурата и стилот на облекување, вели близок извор на пејачката.
Секулиќ ги потврди овие информации.
„Точно е дека ќе ги намалам градите. Сакам да изгледам поприродно по породувањето. Ќе бидам мајка и сакам да го променам изгледот. Ќе променам се, фриузурата која не ја менувам со години, гардеробота, но и песните. Очекувајте нова Гога. Подготвувам многу изненадувања за својата публика, вели пејчката.