Кралот Чарлс и принцот Хари би можеле да се сретнат на мировни преговори веќе следниот месец, но Меган Маркл не се очекува да биде таму, тврди кралски извор.
Принцот Хари треба да лета за Калифорнија преку Лондон кога ќе завршат „Игрите на непобедливите“ во Германија. И кралот и војводата од Сасекс ќе бидат во Лондон, што значи дека би можеле да се сретнат со надеж дека ќе ги поправат семејните тензии.
Извор од палатата изјавил дека кралот Чарлс ќе се врати од Балморал во средината на септември и се очекува да отпатува за Франција до 20 септември.
„Кралот Чарлс треба да се врати во Лондон од Балморал во средината на септември, што се совпаѓа со крајот на патувањето на Хари во Дизелдорф. Кралот има презакажана официјална посета на Франција на 20 септември, па има неколку слободни денови во Лондон за да се сретне со својот син. Персоналот се обидува да ги прилагоди деталите“.
Ако се сретнат, тоа ќе биде првпат да се видат по крунисувањето на Чарлс во мај. Сепак, тоа ќе биде прва средба лице в лице меѓу таткото и синот откако во јануари беа објавени контроверзните мемоари на Хари.
Меган не се очекува да биде на овие разговори, но таа ќе биде на „Игрите на непобедливите“ со Хари. „Мирор“ стапи во контакт со Бакингемската палата и Сасекс за коментар. Војводата и војвотката од Сасекс треба да излезат на сцената за време на церемонијата на затворање на игрите во Дизелдорф, Германија, следниот месец. 38-годишниот Хари ќе го одржи својот проштален говор на церемонијата на затворање на настанот, што ќе се одржи во Меркур Шпил-арената на 16 септември.
Фото: Принтскрин/ЕПА-ЕФЕ/Профимедиа