Велат дека љубовта кај мажот доаѓа преку стомакот, но сигурни сме дека ова непишано правило би важено и за дамите.
Која припадничка на понежниот пол не би сакала да има партнер кој постојано ќе ја изненадува во маестрални јадења кои вешто ги приготвува во кујната.
Такви мажи се ретки, а еден од нив е пејачот Александар Тарабунов. Досега многупати се дожал дека е голем мераклија во кујната, а обожава да приготвува од печено, пржено, варено, месено, благо… и згора на тоа декорацијата му е вистинска уметност.
Во една прилика во врска со љубовта и страста за готвењето тој изјави:
Ја имам од татко ми, бидејќи тој секојдневно готви и порано тоа ми сметаше малку, но како одат годините и мене ме заинтересира храната и почнав да истражувам за намирниците , да ги комбинирам, кое со што одговара како здрава храна, да експериментирам и така се усовршив. Многу сакам да ги декорирам јадењата што ги приготвувам, затоа што сакам покрај тоа што е вкусно и на око да изгледа убаво, изјави Тара за Гламур.
Секоја чинија со специјалитет која ја објавува на Инстаграм е како од елитен ресторан, а на ласкавите комплименти им нема крај.
Тара сериозно почна да размислува дали да отвори ресторан, а откако го постави прашањето на својот профил, многумина му порачаа дека е создаден за тоа, па дури се јавија и такви кои посакаа да инвестираат.
Покрај толкава мотивација и пофалби, ако Тара се реши на таков чекор, сигурно ќе биде силна конкуренција на скопските угостители.
фото:инстаграм/александартарабунов