Радио Милева таинствена љубов

Гола во неговиот кревет: Ова е новото момче на учесничката со македонско потекло во реалното шоу „Задруга“

Гола во неговиот кревет: Ова е новото момче на учесничката со македонско потекло во реалното шоу „Задруга“

Тара Симов започна да учествува во петтата сезона на „Задруга“ и на самиот почеток се чинеше дека конечно, по турбулентната врска со Ненад Алексиќ – Ша, сè полека се смирува и  доаѓа на свое место.

Сепак, сето тоа кратко траеше, бидејќи со влегувањето на Ненад, Симов повторно стапи во врска со него, која изгледаше исто токсична како и претходните години.

Тара не издржа долго пред повторно да биде дисквалификувана, па реши да започне нов живот надвор од ријалити ѕидините и да се посвети на себе. Една од големите промени во нејзиниот живот е секако новата љубов.

Дали тоа на ријалити учесничката со македонско потекло конечно и цветаат рози во врската, па објави фотографија во прегратките на своето момче во креветот?!

Оваа фотографија ги воодушеви нејзините обожаватели, бидејќи сметаат декa Тара конечно ја најде среќата во љубовта. Засега не се знае идентитетот на момчето од фотографијата, можно е да не сака да се експонира на социјалните мрежи и во медиумите, но прашање е до кога ќе можат да ја кријат својата врска од јавноста? Познавајќи ја контроверзната Тара, веројатно не за долго!

Фото:Принтскрин/Инстаграм/tarasimov

To top