Пејачката Сандра Чаприќ откри зошто се забавувале заедно со Богдан поранешното момче на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Поранешната учесничка во реалното шоу „Задруга“ и пејачка Сандра Чаприќ ги запали социјалните мрежи откако објави слика на која позира со Богдан Срејовиќ, поранешното момче на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
На сликата е Сандра во црвен фустан со длабоко деколте, со врвци преку голиот стомак, а таа го гушка поранешниот партнер на Цеца.
“Со Богдан се дружам долго време, се знаеме со години. Никогаш немало ништо повеќе од пријателство меѓу нас. Фотографијата е направена кога бевме навечер со пријателите, не сме во врска “, изјави Сандра Чаприќ.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/sandracapric_official