Пејачката Злата Петровиќ се појавила на снимањето на новогодишната програма, а нејзиниот стајлинг им го привлечевниманието на многумина.
Злата Петровиќ, која со водителот Зоран Пејиќ Пеја го има синот Јован на кој е многу горда, блесна за време на снимањето на новогодишната програма. Откако нејзината колешка Ера Ојданиќ ги остави сите без зборови со автомобил од 80.000 евра, Злата ги распаметисите со својот изглед на прагот на седмата деценија.
Пејачката за оваа пригода избра фустан кој повеќе открива отколку што покрива, а сето тоа го искомбинирала со скапа бунда. Станува збор за тесен долг светкав фустан, со шлицови на стомакот, поради што во преден план беа голиот стомак и нејзинато бујно деколте.
За разлика од многу нејзини колешки, таа не подлегна на трендот на естетските корекции, а освен забите и веѓите, не смени ништо на себе. Многумина коментираат дека пејачката само со годините изгледа подобро, а ова нејзино издание е само доказ. Злата Петровиќ своевремено излегуваше со Саша Поповиќ, а неодамна и ја поддржа колешката Неда Украден, која во својата автобиографија ја опиша љубовта со поранешниот сопственик на Гранд, поради што тој се потресе бидејќи го нарече ни помалку ни повеќе туку „женкар“.
Петровиќ тогаш рече – „Не направи ништо грдо за да го сокрие тоа, но не беше светец, да се разбереме… Се знае чие здолниште го бркаше и кого молеше“.
Фото: Принтскрин/Антонио Ахел/Ата Имаџес