Времето лета многу брзо, а српската пејачка Гога Секулиќ како вчера да објави дека го чека своето прво дете.
Таа стигна до петтиот месец од бременоста, а моментално заедно со својот свршеник летува во Будва.
На 41 година Гога е згодна и секси трудница која со гордост го покажува своето нараснато стомаче.
Таа во месец декември ќе стане мајка за првпат, откако пред неколку години доживеа трагедија и го изгуби саканиот.
Сепак, убавините на животот дојдоа и за неа, па сега е време да ужива во љубовта, бременоста, а за неколку месеци и во своето чедо.