Радио Милева

Гога Секулиќ брои ситно до приновата, а еве колку треба да плати за породување со царски рез

Гога Секулиќ брои ситно до приновата, а еве колку треба да плати за породување со царски рез

Пејачката Гога Секулиќ брои ситно до породувањето, а наследникот ќе се роди во Швајцарија.

Таа истакна дека најголема поддршка и е сопругот Урош.

 

View this post on Instagram

 

Ljubav ??? @urosbjj @veracitysrbija

A post shared by Goga Sekulic (@sekulicgoga) on

„Термин е 19 декември, но докторите велат дека породувањето може да се случи неколку дена пред „Свети Никола“. Секој ден одам на контроли и полека се подготуваме за бебето и морам да признам дека сега ми е напорно. Сепак, среќна сум што имам сопруг кој е со мене, оди со мене на прегледи и тука е за се што ми треба. И двајцата се радуваме на детето и едвај чекаме да станеме родители“, вели Гога Секулиќ за „Блиц“.

Секулиќ откри дека сака да се породи со царски рез.

„Што се однесува до породувањето морам да признам дека малку се исплашив. Другарките се породуваа 2,3 пати по природен пат, па сега имам малку страв, искрено, сакам да биде со царски рез. Меѓутоа, во Швајцарија се такви правилата што доколку нема причина многу тешко може да ви одобрат царски рез. Ќе се породам во приватна клиника, имам осигурвање кое ги покрива делумно трошоците.  Половина од торошоците треба сама да ги платам“, вели Гога.

Породувањето со царски рез во приватна клиника во Швајцарија чини околу 20 000 евра, а во тој случај Секулиќ треба да плати 10 000 евра.

To top