Радио Милева „имав многу болки“

Гога Секулиќ отиде на ремонт за градите: „Морав да го направам тоа“

Гога Секулиќ отиде на ремонт за градите: „Морав да го направам тоа“

Гога Секулиќ пред неколку дена била итно оперирана. Според српскиот извор, таа ги сменила силиконските импланти во градите и направила затегнување.

– Гога долго време ја планираше оваа операција, но постојано ја одложуваше. Сега таа конечно заврши со тоа и сега се чувствува добро. Операцијата помина без никакви проблеми – изјавил соговорникот.

А, сега пејачката овие сознанија и ги потврдила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goga Sekulić (@sekulicgoga)

– Вистина е, имав операција. И после породувањето требаше да направам подигање и затегнување на градите, но моето дете беше мало и таква процедура во тој момент беше едноставно невозможна. Децата сакаат да се гушкаат и носат. Меѓутоа, набрзо почнаа страшни болки во грбот, бидејќи градите беа преголеми. Му се обратив на д-р Миливојевиќ, кој на крајот ме оперираше и за се сум многу задоволна и благодарна, бидејќи тој е еден од нашите најдобри хирурзи. Ми ги смени силиконите и ми направи затегнување. Не ми беше пријатно првите денови, имав многу болки. Најмногу ме изнервира тоа што сум жена од акција и што не сум некој што мирува – изјави Гога за Пинк.рс.

Пејачката која е позната по бројните хитови, напорно настапува и се грижи за својот син, а наскоро планира да ја израдува својата публика и со нова песна.

фото:инстаграм принтскрин

To top