Мегафон

Годишен концерт на охридскиот „Ансамбл Билјана“: „Една песна, една приказна“

Годишен концерт на охридскиот „Ансамбл Билјана“: „Една песна, една приказна“

Во вторник, на 5-ти септември, во предворјето на катедралната црква „Св. Софија“, по единесетти пат ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Ансамбл Билјана.

Оваа година настанот ќе има еден малку поинаков концепт – „Една песна една пиказна“. Ќе бидат представени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја, а наратор ќе биде Проф. Валентина Божиновска. Гости на годинешниот концерт ќе бидат Мартина Максимовска, професор по народно пеење и член на националниот ансамбл „Танец“ и Мухамед Бајрам од групата „Цар Самоил“, професор по виолина.

Ансамблот Билјана, како четврта трубадурска генерација во нашиот град тежнее кон зачувување и продолжување, а воедно и унапредување на музичката традиција. Настанот започна како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и континуирано се одржува до денес како обид за зачувување на духот на охридската староградска песна.

Концертот ќе започне во 20 часот, а билетите кои се продаваат во ограничен број, можете да ги резервирате, а истите се подигнуваат на влез, еден час пред почетокот на концертот.

To top