Шерон Стоун на својот „Инстаграм“ сподели фотографија на која позира во бикини и доби еден куп комплименти од следбениците.
Фотографирана е во едноделен костим за капење на лежалка покрај базен, а друштво и прави нејзиното куче Џо.
Во црното бикини, Шерон ја покажа својата витка фигура и во седмата деценија од животот, а следбениците не престанаа да ја опсипуваат со позитивни коментари.

„Изгледаш спектакуларно“, „Неверојатна си“, се само некои од коментарите под фотографијата која за краток период доби 84 000 лајкови.
Во една прилика, Шерон откри која е нејзината тајна за нејзиниот изглед.
„Користим добри креми за кожа и се трудам да не заборавам да ги депилирам нозете. Сакам да се занимавам со спорт и мислам дека тоа е клуч на здравјето. Често танцувам. Се занимавам со јога, пилатас, играм со децата, јавам коњи, често одам на плажа“, изјави актерката.