Мегафон Прв прес - Макфест 2020

Годинава „Макфест“ на отворено, а на фестивалот ќе се „пее“ на плејбек (ФОТО)

Годинава „Макфест“ на отворено, а на фестивалот ќе се „пее“ на плејбек (ФОТО)

Во Штип се одржа првата прес конференција по повод фестивалот на забавна музика „Макфест 2020”. Спецификациите на овогодинешното издание ги соопштија заменик градоначалникот Јане Миланов и директорот Кирил Панајотов.

Она што предизвика посебно внимание е тоа што оваа година сите учесници песните ќе ги пееат на плејбек. Токму заради тоа наградата за најдобра интерпретација нема да се додели оваа година. Причина за ова изведбите на плејбек, според техничкиот раководител Кирил Панајотов е заштитниот фактор, односно неможноста да се менуваат 24 микроофони.

“Според протоколот за заштита, потребно е засебен микрофон за секој изведувач. Не постои таква техничка можност и затоа одиме на плејбек, додека првата вечер, на ревијалниот дел, имаме осум изведувачи и тоа е изводливо”, напомена Панајотов.

“Макфест е бренд, кој остави во наследство над 1000 композиции и воедно останува најголем промотор на музика уште од своите почетоци. Годинава фестивалот ќе се реализира во услови на светска пандемија, и на заштитните мерки и протоколи согласно препораките, и тоа е најголемиот предизвик. И во минатото имало бројни предизвици, но биле успешно совладани, така што не се сомневам дека и оваа година ќе имаме успешен фестивал”, напомена Миланов.

Фестивалот ќе се оддржи на 18 и 19 септември (петок и сабота) на градскиот плоштад, под отворено. Ќе има ревијална вечер, на која ќе настап осум музички имиња, дел победници а дел познати имиња од годините наназад, додека втората вечер ќе биде натпреварувачка и на неа ќе настапат 24 изведувачи.

Меѓу изведувачите оваа година се Александар Митевски и Драган Спасов-Дац, Димитар Андоновски, Биба Додева, Нокаут, Ѓоко Танески и други. Освен познати имиња кои настапувале на фестивалот, ќе имаме и дебитанти.

Наградите остануваат исти како и претходните години, 5000 евра за прво место, 3000 евра за второ и 1000 евра за трето место. Ќе се доделат и наградите за најдобра аранжман, за најдобар сценски настап и за дебитант во висина од 500 евра.

Шоу програмата е на Игор Џамбазов и Гуру Харе, кои ќе настапат по завршувањето на натпреварувачкиот дел, додека публиката гласа. Кога сме кај гласањето, ќе гласа публиката, согласно протоколот и заштитните мерки, а дел од гласачкиот сегмент не се открива, за да се избегне можноста за интервенции. Истиот ќе биде објавен на денот на фестивалот.

На градскиот плоштад, ќе бидат поставени столчиња, согласно препораките на растојание од 1,5 метар, и се прават пресметки колку е капацитетор на плоштад во согласност со здравствените протколи. Движењето на плоштадот, ќе биде ограничено со две акредитации, црвена и зелена. Новинарите ќе имаат посебно место, до сцената, кое ќе биде еден вид на прес центар и ќе го следат фестивалот согласно протоколот:

Годинава, заради коронавирусот ќе го нема традиционачлниот коктел и сечењето на торта. Единствен предизвик се временските прилики, и организаторот изрази надеж дека времето ќе биде на наша страна. Преносот и годинава е во релазација на МРТВ со почеток во 20:30 часот.

Извор: Музика24

To top