Летото дојде, Ковид 19 протоколите попуштија, мерките олабавија и кога естрадата тргна во „поход“ на освојување на летните клубови, дикотеки, базени, плоштади, певачица Гоца Тржан, спротивно од очекуваното, замина на одмор. Тржан замина за Грција, од каде сподели фотографии на својот Инстаграм профил.
А последната објава на пејачката не помина незабележано.
Имено, Гоца објави неколку фотографии од плажа, а на една од нив го покажа средниот прст! Но, зада нема забуни, ниту пак некој да се навреди, русокосата својата постапка вака ја појасни:
„Одмор конечно. Голем „поздрав“ за деловните обврски, телефонските повици, сообраќајниот метеж и плаќањето сметки“ – напиша Гоца објаснувајќи кому му е наменет гестот, па се фотографираше заедно со својата пријателка, автор, уредник и ТВ водителка, Даниела Борачева и тоа обете – топлес!
Обете со своите партнери уживаат одморајќи се на Халкидики, поточно во познатото одморалиште на еден од краците, Неа Мармара!