Пејачката Гоца Тржан од неодамна се проба и во улогата на водителка на К1 телевизија чиј сопственик е Жељко Јоксимовиќ.
За својот колега таа вели дека е строг шеф, а таа тоа го почитува.
„Тој е строг, но ми е дозволено со мојата емисија да правам што сакам. Тоа ми се допаѓа“, вели Тржан.
Пејачката вели дека постојат многу јавни личности кои би сакала да ги интервјуира, но жали што немала прилика да ја интервјуира една личност.
„Би сакала да имам прилика да ја интервјуирам Исидора Бјелица, но за жал таа повеќе не е меѓу нас“, вели Гоца.
Инаку, Гоца на К1 телевизија има и свое реално шоу „Мој совршен брак“.