Пејачката Гоца Тржан требаше да учествува на Беовизија, односно да учествува на фестивалот за да ја претставува Србија на Евровизија 2022.
Пејачката требаше да се претстави со песната „Фетиљ“ , но наместо неа со ова песна ќе се претстават CHEGI & Braća Bluz Bend
Во согланост со правилникот на натпреварувањето и Радио српската телевизија и авторите на композицијата имаат право во случај на било какви проблеми околу изведување на композицијата да одберат друг изведувач.
Гоца Тржан за нова.рс отрки дека се откажала поради здравствени причини.
-Добро сум, немам потреба да објаснувам зошто нема да учествувам. Се работи за здравствен проблем, но ќе биде се добро, моето отсуство е оправдано, изјави Тржан за нова.рс
„ CHEGI & Braća Bluz Bend“ добиле право да учествуваат на Евровизија како изведувачи кои биле следни на листата на по оценки на комицијата на РТС.
фото: Инстаграм/goca trzan