Радио Милева

Гоца Тржан првпат проговори за кавгата со Ивана Петерс: „Многу ме нервираше, мислев дека глуми“

Гоца Тржан првпат проговори за кавгата со Ивана Петерс: „Многу ме нервираше, мислев дека глуми“

Популарната пејачка Гоца Тржан која е дел од жирито на “Пинкови ѕвездички – аll stars“ со години не зборуваше со нејзината колешка од некогашниот бенд „Тап 011“, Ивана Петерс.

Двете пејачки никогаш јавно не зборуваа за нивното недоразбирање, а сега Гоца првпат откри зошто не биле во добри односи.

„Ние две се разделивме во мир, но секоја со нерешен статус во врска една со друга. Освен некои површни теми кога ќе се сретнеме, никогаш сериозно не разговаравме.Прв таков разговор се случи во 2011 година кога требаше повторно да настапиме како бенд „Тап 011“.  Во меѓувреме двете станавме мајки, созреавме како личности, а и пред настапот во Арена имавме некои лоши периоди во животот“ вели Тржан, а потоа се потсети на периодот кога настапувале заедно.

фото: Милош Рафаиловиќ

„Ивана многу ме нервираше бидејќи пееше подобро од мене. Додека ја слушав Ивана мислев дека глуми, а всушност и завидував на гласот, знаејќи дека никогаш нема да пеам како неа. Бев убедена дека фраерите се палат на Ивана.  И денес мислам дека е така“ вели пејачката.

Тие две денес се многу добри пријателки, и велат дека конечно имаат однос каков што сакале.

 

To top