Гоца Тржан отворено зборуваше за пријателот кој најпрвин и прирасна за срце,а потоа длабоко ја разочара, зашто ја ограбил:
„Сигурно сте читале за познатиот „Фантом од операта“, човекот што ги крадел актерите и пријателите во театарот. Е, па јас бев еден од пријателите кои исто така беа украдени“ – призна Гоца, а потоа продолжи:
„Во оваа прилика го поздравувам и се надевам дека му тргна во живот и дека ја научил лекција, бидејќи без тоа не би имало сето ова смисла“ – ќе изјави Гоца, не споменувајќи за кого се работи, иакокако што таа вели, дека и покрај неговото предавство, таа сè уште го сака:
“Сѐ уште го сакам, без разлика што тој не предаде и кардеше од нас дома. Крајно тешко да се поднесе фактот дека ве предал некој, кој е постојано со вас и кој го гледате како член на семејството“ – вели Гоца, и рече дека токму тој „фантом“ бил толку многу близок со неа и нејзиниот сопруг Раша, што дури јадел и спиел во нејзиниот дом.