Гости во емисијата „Амиџи шоу“ кај Огнен Амиџиќ беа Гоца Тржан и актерот Милан Васиќ.
Пејачката на почетокот раскажа дека при влегуањето во студиото обезбедувањето им мери температура на гостите.
„Знаеш што, за малку да не стигнам во емисија, дојдов овде, а обезбедувањето фати да ми мери температура. Кај мене во кола 300 степени, а на него покажа 38,6, но за среќа се оладив. Замисли „Амиџи шоу“ да ми биде последна емисија во животот“ се пошегува Гоца, а потоа откри во какви односи е со сопругот откако е во изолација.
„Немам некој нервен слом, најеројатно поради тоа што сум силна личност, а и не сум толку долго во изолација. Јави ми се после 2, 3 месеци и ќе ти кажам. Никој не ме нервира, односно ме нервираа одњето по намирници, пишува стои на 2 метри одалеченост, а жената ми дише во врат“ вели пејачката.