Радио Милева

Гоца Тржан ги чека резултатите од вештачко оплодување: „Ќе останам со Раша дури и ако никогаш немаме деца“

Гоца Тржан ги чека резултатите од вештачко оплодување: „Ќе останам со Раша дури и ако никогаш немаме деца“
фото: информер

Гоца Тржан ужива во повеќегодишниот брак со Радомир Новаковиќ, но единствено нешто што ја „уништува“ семејната идила е тоа што парот неколку години не може да добие дете.

Моментално, таа е во процес на вештачко оплодување и се надева дека конечно ќе добие заеднички наслединк или наследничка:

„Раша и јас добро го поднесуваме процесот на вештачко оплодување, психички сме силни, но физички не ми е лесно поради хормонската терапија. Ние жените сме во состојба да поместиме ридови и планини за да ја оствариме својата цел, а мојата цел е да родам дете на Раша“ вели пејачката за „Информер“.

фото: принтскрин/инстаграм

Таа вели дека нејзиниот сопруг ќерката од бракот со Иван Маринковиќ ја гледа како свое дете, но сепак таа сака да добие едно заедничко дете со Раша.

„Раша и јас веќе 10 години ја воспитуваме Лена. Тој ја прифати како да е негова. Родители се оние кои те воспитуваат, а не оние кои ќе те направат. Без оглед на тоа, јас имам голема потреба да имам дете со човекот кој го сакам. Има препреки, но ние сме тука да ги надминеме“ вели пејачката.

фото: принтскрин/инстаграм

Додека ги чекаат резултатите од вештачкото оплодување, Раша и Гоца се сигурно во едно – дека до крајот на животот ќе останат заедно.

„Знам дека вакви борби ги уништуваат паровите, но ние не сме меѓу нив. Ќе останам со Раша дури и ако никогаш немаме деца. И сега ако не сум бремена нема да го оставам“ вели Тржан.

Останати вести од Радио Милева