Радио Милева

„Гоца Тржан е глупава“: Маја Николиќ сурово ја навреди колешката поради еден коментар

„Гоца Тржан е глупава“: Маја Николиќ сурово ја навреди колешката поради еден коментар

Маја Николиќ сурово ја навреди Гоца Тржан, па дури размислувала да ја тужи. Имено, Гоца како член на жирито во „Пинк ѕвездички-all stars“, им кажа на децата учесници да не пеат стара и досадна песна од Маја.

Николиќ не можеше да го премолчи ова, па „удри“ по својата колешка.

-Јас и простив бидејќи таа е толку глупава, има многу глупави изјави, секој петок навечер навикнав на нејзините промашувања. Гоца е една слатка баба- девојка, но не е личност која може мене да ме навреди, бидејќи јас станав јавна личност пет години пред неа и со моите фестивалски награди, нема да кажам колку ги имам, но многу се, Гоца може да да го до држи сталакот на мојот микрофон, вели Маја.

фото:принтскрин пинк

Таа додава дека сепак нема да ја тужи Гоца, бидејќи „не е вредна за парите“.

-Јас со Гоца имав одличен однос и ми беше чудно дека одеднаш почна да ме „хејта“. Таа толку ме навреди што дури размислував да и пратам тужба, па потоа си реков: „нејзините глупави изјави тешко кој ги разбира, а песната навистина беше хит во 90-тите“, изјавува Маја во „Контравизија“.

To top