Радио Милева
„не е лесно“

Гоца Тржан до детали ја опиша својата борба за потомство: „Ме критикуваа на колку години се обидувам да останам бремена“

Гоца Тржан до детали ја опиша својата борба за потомство: „Ме критикуваа на колку години се обидувам да останам бремена“

Пејачката Гоца Тржан и сопругот веќе 10 години водат борба за потомство.

Пејачката во емисијата „Викенд на К1“ отворено зборуваше на таа тема.

-Многу парови ни на своите семејства не сакаат да им откријат каде одат на вонтелесно оплодување бидејќи кај нас на Балканот има еден примитивен став дека луѓето кои природно не можат да останат бремени вредат помалку како човекови сушества“, изјави Гоца.

Гоца со гледачите го сподели своето искуство од болниците.

-Во чекалните околу мене секогаш имаше луѓе. Докторите се тука да помогнат, но не се Бог. Многу е важно низ тој процес да пристапите позитивно, па дури и ако не успее, не значи дека јас и мојот сопруг сме помалку вредни како сушества. Нашата борба за потомство трае откако сме заедно“, вели Гоца.

Пејачката откри дека се работи за огромна сума на пари кога станува збор за вонтелесното оплодување.

-Едно вонтелесно оплодување чини од 3 000 до 5000 евра, а лековите кои ги примате по 12 дена се околу 2 000 евра. Тестовите се од 160 евра па нагоре. Морате да имате сериозен економски буџет, некои парови мора да земаат и кредит“, вели пејачката.ж

Гоца октри и какви негативни коментари добила од разни луѓе.

-Ме критикуваа за тоа на колку години се обидувам да останам бремена, требало да молчам, да бидам скромна и дека Бог ќе ми даде дете ако е така судено. Со таков пристап кон мажите и жените доведува до тоа многу парови да молчат за тоа, вели Тржан за К1 телевизија.

фото: дамир дервишагиќ/инстаграм

Останати вести од Радио Милева