Поп пејачката Гоца Тржан откри како се чувствува за моменталната состојба поради короната и тоа што нема работа.
На Гоца се изнервира поради оние личности кои се радуваат што естрадните уметници немаат работа и едвај составуваат крај со крај. Тржан откако напиша на Твитер дека е шокирана со однесувањето на луѓето кои се радуваат на нивната мака наиде на вербален конфликт со твитерџиите.
„Малку луѓе разбираат дека пејачите не се жалат за себе и своето финасиско добро. Естрадата не се само пејачи, па не бараме ништо за себе. Во просек, храниме уште 5,6 семејства. Музичарите, тонците, возачите имаат свои деца“ вели пејачката за ало.рс и додава:
„Застанав во одбрана на емпатијата која се помалку постои. Прва реков дека пејачите треба да се срамат доколку се жалат и бараат помош. Најлесно е да кажете – „естрадњаците заработуваат илјада евра, а сега нема скршен денар“. Дај Боже сите да заработувавме илјада евра. Не барав ништо од државата, ниту од било кој“, вели Тржан.
Пејачката во последно време на социјалните мрежи се повеќе рекламира одредени производи, а многумина и го забележуваат тоа.
„Нема настапи, кога рекламирам производи во кои сама вложив пари, се наоѓаат паметни и тоа да го коментираат на привитивен начин. Не знам, можеби да бев ку*рва повеќе ќе ме почитуваа во овој покварен свет. Нема да не убие корона, туку злоба“, заклучува Гоца.