Како бомба одекна веста дека сестрата на Богдана Родиќ, Бојана Родиќ е бремена.
Имено, Бојана го чека првото дете со синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан.
Радосните вести прво ги објави сестрата на Мирко, Зорана, а потоа и сестрата на Бојана, Наташа.
Сега се огласи и Гоца Божиновска.
„Го добив најубавиот Божиќен подарок. Ќе станам баба. Ве сакам“, напиша пејачката во објавата на Инстаграм.

„Убавите вести ми ги соопшти мојот син и Бојана. Под елката имаше мала торбичка во која се наоѓаше тестот за бременост. „Малку доцна со подарокот“, ми кажа, а веќе ми имаше купено подарок, па го карав што често ми купува подароци. Јас го извадов подарокот и мислев дека е УСБ бидејќи ми се расипа телефонот и сите ми велеа да купам УСБ за да ги зачувам сите податоци“, раскажува Гоца.
„Јас навистина мислев дека е УСБ, па Мирко ми кажа да проверам поубаво и дека халуцинирам. А кога свртвев и го видов тестот за бременост бев пресреќна“ вели идната баба за ало.рс

„Бев во хаос, не очекував. Интересно е што Бојана десет дена имаше проблем, и беше лошо, ја болеше стомак, јас не ни помислив дека можеби е бремена туку на Бадник трчав да и најдам чај, а не можев да најдам“, вели Божиновска.
„Божиќ ми го даде најубавиот подарок. Пресреќна сум баба, само да биде се како што треба“, вели мајката на Мирко.