Радио Милева снаа и свекрва

Гоца Божиновска проговори за односот со снаата Бојана: „На нас секогаш ни е весело“

Гоца Божиновска проговори за односот со снаата Бојана: „На нас секогаш ни е весело“

Пејачката Гоца Божиновска откри детали од крштевката на својот внук Зоран Шијан и проговори во какви односи е со фамилијата на нејзината снаа Бојана Родиќ.

-На нас секогаш ни е весело, секоја недела ни е весела. За некои пет дена, Мирко и Бојана се договорија да го крстат Зоран. На сваќата Даниела и беше 50-ти роденден и таа изрази желба малиот Зоран да се крсти на нејзиниот роденден. Не сакавме да поканиме гости, тоа беше во кругот на семејството, беше преубаво, вели Гоца во емисијата „Викенд премиера специјал“.

-Мирко е ноќна птица, меѓутоа, тој сега е сконцентриран на бебето, многу се грижи. Сладок е. Тоа е најголема љубов кога ќе се случи нешто спонтано.Сите се супер, додава Божновска.

-Кај нас тоа дружење е убаво. Бојана не мора да ме моли, кога и се спие наутро само ќе дојде и ќе каже: „Повелете бабо…“, а јас едвај чекам. Обожавам да го водам по Сурчин и да го шетам. Немам чувство дека ми пораснаа децата, но неговата насмевка многу вреди. Многу е посебен, јас не го слушнав да плаче“, додава пејачката.

Пејачката ги прокоментира и пишувањата дека не е во добри односи со пријателите од Тител.

–Тие одат во Тител, таму седат по 5,6 дена и уживаат со својата прабаба Роска. Пишуваат глупости, моите пријатели се прекрасни луѓе, ние се почитуваме. Се зборуваат секакви небулози. Некогаш навистина глупаво се чувствувам, изјави Гоца.

Таа проговори за плановите во иднина.

-Ќе има сешто, чекам да помине Нова година. Ми се случија лоши работи, загуба на мајка ми, среќа брзо се роди бебето па ни го разубави животот. Само да помине короната, повторно да пеам и да ги промовирам песните“, вели Божиновска.

фото: ана паунковиќ/дамир дервишагиќ/принтскрин/пинк.рс

To top