Фолк-пејачката Гоца Божиновска, која ја мине шестата деценија, е позната како личност која многу се грижи за себе и за својот изглед.
На сметка на својот изглед Гоца често добива комплименти. Сепак, годините си го прават своето, а пејачката решила да го „сопре“ времето, па се повикала на естетски хирург.
Божиновска на Инстаграм објави фотографија од ординацијата каде докторот и вбризгува нова рунда ботокс и ѝ ги пегла брчките, а нема сомнеж дека пејачката наскоро ќе се пофали и со резултатите.
„Ставив ботокс за Нова година, сепак дејството помина. Ми треба операција, среќа што не се одлучив и порано на тоа. Ги гледам жените кои се оперираат, постојано пумпаат и дуваат нешто, полоши се од мене. Шегата на страна, убаво е да се види убава и негувана жена, но годините не може да се сокријат, тие секогаш се гледаат“- рекла Гоца во една прилика.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/goca_bozinovska_official