Радио Милева денес има 60 години

Го завела Ал Пачино, а се зборува и дека го растурила „Бело дугме“: Ова е првата југословенска старлета (фото)

Го завела Ал Пачино, а се зборува и дека го растурила „Бело дугме“: Ова е првата југословенска старлета (фото)

Многумина ја нарекуваат првата југословенска старлета, а многу познати мажи паднале на колена пред неа.

Првата старлета која стана популарна во медиумите во поранешна Југославија е Дијана Беќировиќ, родум од малото село Лукавац кај Тузла. Завршила средно училиште и Факултет за политички науки во Сараево, а потоа се преселила во Италија.

Кариерата како модел ја започнала кога имала само 14 години и многу брзо станала една од главните теми во Југославија во осумдесетите. Таа подоцна изгради кариера како новинар. Таа направи интервјуа со двајца папи, познати спортисти и политичари, а последното интервју наводно и го дал Формула 1 возачот Аиртон Сена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diana Niven (@diananiven)

Познато е и дека своевремено позирала за магазинот Старт, но и за Плејбој. Беше препознатлива по својата специфична убавина, а не многумина одолеаа на нејзиниот шарм. Меѓу најпознатите имиња на славните мажи кои таа ги заведува се Ал Пачино, Горан Бреговиќ, Здравко Чолиќ, како и Мик Џегер.

– Сите паднаа пред Мајкл Корлеоне, но не и јас. Тој не беше мој тип. Го запознав Ал Пачино кога го снимаше „Кум“ со Френсис Форд Копола. Излеговме, но тој беше постојано напнат и секогаш параноичен за папараците. Редовно во страв да не те фатат. Моја задача е од мажот да направам маж, а негова да ме направи жена. Не го чувствував тоа за Пачино, туку само за неговото зовриено его – рекла таа еднаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diana Niven (@diananiven)

Арнолд Шварценегер отворено и се додворувал, а таа еднаш кажала дека е обвинета за распад на „Бело дугме“.

– Живеев во Милано и се дружев со Владо Правдиќ, клавијатуристот на „дугме“. Беше заљубен во мене, но наеднаш се појави Горан Бреговиќ. А Горан кога сака нешто, го добива. И оттука започна конфликтот меѓу двајцата членови на бендот. А Горан ме украде од Владо? Па, тоа е – рече таа еднаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diana Niven (@diananiven)

Интересно е и тоа што поради неа се степал и славниот Ники Лауда, а ѝ се додворувал и Кевин Костнер, а како што кажа и самата, разговарала со папата Павле Втори иако била „пијана и во мини сукња“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diana Niven (@diananiven)

Дијана денес има 60 години и живее во Лос Анџелес. Во меѓувреме дипломирала на Американскиот филмски институт и работела како продуцент на некои холивудски филмови.

фото:Инстаграм

To top