Радио Милева

Го замени Милан Станковиќ: Киа Коцкар е новиот член на жирито во „Пинкови ѕвездички“

Го замени Милан Станковиќ: Киа Коцкар е новиот член на жирито во „Пинкови ѕвездички“

Новиот член на жирито на „Пинкови ѕвездички“ е Кристина Киа Коцкар победничката на реалното шоу „Задруга“.

Започна петата сезона на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“, а емитувањето започнува на 26 октомври. Меѓутоа, во новата сезона нов член на жирито е Киа Коцкар, победничката на реалното шоу.

„Многу сум возбудена. Чест ми е што сум дел од овој проект, многу ми е драго што Пинк ме покани, посебно затоа што ова е „Пинкови ѕвездички –сите ѕвезди“.  Ова се искусни деца и знаат што прават и сигурна сум дека ќе биде тешко да бидеме критични“ порача Киа.

Киа го замени Милан Станковиќ и така се придружи на екипата која веќе четири години работи на развојот на талентираните деца, а меѓу нив се и Леонтина Вукомановиќ, Гоца Тржан, Јелена Томашевиќ и Сергеј Четковиќ.

To top