Радио Милева

Го разврзаа јазикот: Соседите ги прокоментираа Мирко Шијан и Бојана Родиќ

Го разврзаа јазикот: Соседите ги прокоментираа Мирко Шијан и Бојана Родиќ

Синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан и неговата партнерка Бојана Родиќ го добија своето прво дете односно син.

Мирко и Бојана ќе живеат во домот на пејачката Гоца Божиновска во населбата Сурчин, а сега нивните соседи го прокоментираа парот.

Имено, соседите велат дека пејачката била пресреќна кога дознала дека ќе добие внуче.

„Мајка и со месеци беше лошо, единствено што ја радуваше беше бременоста на Бојана. Уште кога слушна дека е момче и дека ќе се вика Зоран беше преполна со емоции. Зборуваше како добила нова енергија“, вели извор и додава:

„Во нивниот дом често влегуваа и излегуваа мајстори. Се работеше со полна пареа, се изненадивме дека Бојана се породила бидејќи знаевме дека терминот и е подоцна. Таа е многу воспитана, знае да се поздрави на улица, а и се зборува дека дома и помага на Гоца“, вели сосетката.

Од друга страна, еден господин кој живее на улицата каде што пејачката има вила, го критикува Мирко.

„Тој е добро момче и има добра душа, често им помага на луѓето во крајот. Не е лош, само што го понесува младоста, па знае да пие и да направи глупости, па сите зборуваат дека е пробломатичен. Ќе даде Господ бебето да го смири“ вели соседот за блиц.рс

Потсетуваме, Мирко вчера ги изнесе синот и Бојана од породилиштето Народен фронт. Шијан истакна дека едвај чека синот да порасна да може заедно да излегуваат.

фото: принтскрин/инстаграм/мирко шијан/ата имагес

To top