Шведскиот претставник на Евровизија, 19 годишниот Тусе со песната „Voices“ се пласираше во финалето на музичкото шоу.
Ова младо момче зад себе имал многу несреќно детство. Тој е роден во главниот град на Демократската Република Конго, Киншаса.
Меѓутоа, родниот крај и семејството ги напуштил кога побегнал од земјата за да ја избегне војната. Tој на своите 5 години завршил во избегалиште.

Живеел во еден камп, а преживувал благодарение на пакетите со храна на УНИЦЕФ.Тусе добил азил во Шведска, но ги менувал старателите се додека на 13 години се сместил во едно село.
Со неговиот татко телефонира преку телефон, а неговата мајка починала пред пет години.
Тој победи во шведскиот „Идол“, а тогаш се стекна со огромна популарност.