Пејачот Мајкл Кетерер (40) е уапсен овој викенд поради смејно насилство.
Пејачот го освои петтото место од последната сезона на шоуто „Јас имам талент“, а поради неговиот емотивен настап го расплака и најстрогиот член на жириро Сајмон Кауел.
Мајкл со сопругата Ив се скарал во хотелска соба, а некој од гостите повикал полиција, а жената кога излегла имала модрици по лицето и сакала а го пријави.
Полицијата го однела во притвор, а со кауција од 40 илјади долари е пуштен на слобода, а Мајкл тврди дека станува збор за едно големо недоразбирање.
Инаку, со своите гласовни способности тој ја освои цела Америка и тогаш нагласи дека во шоуто се пријавил поради своето семејство.
Како жирито реагираше на настапот на Мајкл погледнете во продолжение: