Радио Милева Богатството расне

Го проширија бизнисот: Вики Миљковиќ откри детали за луксузните недвижнини од кои заработија 3 милиони евра

Го проширија бизнисот: Вики Миљковиќ откри детали за луксузните недвижнини од кои заработија 3 милиони евра

Покрај тоа што е активна во „Ѕвездите Гранд“ пејачката Виолета Вики Миљковиќ е посветена и на новиот бизнис со недвижнини, кој го започна со својот сопруг Драган Ташковиќ Ташке.

Имено, пејачката отворила компанија во Белград, а свои брокери има и во Чикаго, Мајами, Дубаи, Карибите и Флорида, а како што објавија медиумите за неполна година имала добивка од три милиони евра.

Вики откри дека бизнисот оди одлично, а таа и нејзиниот сопруг отвориле компанија и во Турција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viki Miljkovic (@viki_miljkovic)


– Со недвижностите оди фантастично, отворивме компанија во Истанбул, каде што имаме проектантска канцеларија. Имаме многу вработени таму, има архитекти и други стручњаци кои се занимаваат со уредување. Имаме и луѓе кои продаваат недвижен имот во Анталија, Аланија и Бодрум. Што се однесува до нашата компанија во Белград, таа продава недвижен имот во Дубаи и во ексклузивни делови од нашиот главен град, како што е Белград на вода. Станува збор за луксузни недвижности – изјавила пејачката која со сопругот посредува во продажба на луксузни куќи и станови, за кои наводно земаат процент од три отсто.

фото:Instagram printskrin

To top