Радио Милева

Го прогонува обожавателка: Том Харди ја продава куќата и се сели од Лондон!

Го прогонува обожавателка: Том Харди ја продава куќата и се сели од Лондон!

Познатиот актер Том Харди и неговата сопруга која е бремена планираат да го напуштат Лондон.

Како што пренесуваат британските медиуми, фан на Харди го прогонува актерот. Поради тоа планираат да ја продадат куќата вредна 3.5 милиони фунти.

Поради тоа, Том и Шарлот планираат да заминат од Лондон и да се преселат во рурална средина каде што ќе можат да ги воспитуваат децата.

Том и Шарлот имаат двегодишно дете, а наскоро ќе станат родители на нивното второ дете.

Овој пар е познат по тоа што ја крие приватноста, па во една прилика Харди изјави дека ќе ја уништи камерата на оној кој проба да го фотографира неговото дете.

To top