Актерот Расел Кроу (58) се прослави во 2000 година со улогата на гладијатор во истоимениот филм.
Со своето извајано тело привлече воздишки кај женскиот дел од публиката, но на неговите последни фотографии нема ни трага од некогашниот мускулест заводник.
Неговата трансформација во последните години секој пат ги шокира фановите.
Покрај тоа што доби забележителен број килограми, актерот пушти и брада, а фановите се согласуваат дека оскаровецот нема да го препознаат на улица.
Папараците го „уловиле“ во Рим, каде моментално го снима новиот филм „Егзорцистот на папата“.
Расел ги истражувал улиците на Рим во друштво на девојката Бритни Териот, која е 26 години помлада од него. Биле видени и на ручек во познат ресторан.
Расел и Бритни, која е 26 години помлада, првпат беа видени заедно на крајот на 2020 година.
Потоа во Сиднеј играа тенис и разменуваа нежности на теренот, а многумина тогаш коментираа дека неверојатно личи на неговата поранешна сопруга Даниел Спенсер, со која беше во брак 15 години и со која има два сина, Чарлс (18) и Тенисон (15). Тој се разведе од Данијела во 2018 година.
Фото:Принскрин/Профимедиа