Во моментов е најпопуларната водителка во Србија, а утринската програма што ја води на телевизијата „Пинк“ е една од најгледаните, ако не и најгледаната!.
Сепак, нејзиниот пат до успехот бил трнлив, а уште од основно училиште се соочувала со сериозни проблеми и трауми. Неколку пати зборувала за тоа, а како што вели и оставило и многу последици.
Водителката Јована Јеремиќ е позната по изјавите кои никого не го оставаат рамнодушен, а сега на површина излезе и нејзина фотографија од најмладите денови. Ваква не сме ја виделе!
Јована пред извесно време објави фотографија од периодот кога била малечко девојченце, во прегратка на легендарниот Џеј Рамадановски.
„Некои харизми се пронајдоа многу оддамна. Брат по душа!“ Напишала таа на Инстаграм и ставила црно срце.
Јована се присети на смешните случки од нејзиното детство, па раскажа дека како мала во селото имала коза која морала да биде најубава, и затоа често ја шминкала:
„Имав коза, Рада. Ја шминкав со шминките на мајка ми. Таа мораше да биде најубава во селото. Беше најубавата и најпаметната коза, секогаш ги затвораше очите кога ја шминкав. Е таа ми беше најдобра пријателка“ – рече Јована и со тоа ги насмеа присутните во студиото.
Фото:принтскрин/инстаграм/jeremicjovana