Познатиот пејач е еден од ретките кои го прекршил договорот со „Гранд продукција“, па Саша Поповиќ го избркал од продукцијата.
Ренато Хенц беше финалист во третата сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Неколку години снимаше песни за оваа дискографска куќа и настапуваше како ѕвезда на „Гранд“.
Меѓутоа, српските медиуми пишуваа дека Ренато е избркан од „Гранд“, а самиот пејач потврди дека ја прекинал соработката со продукцијата.
„Имав настап кој не го пријавив кај Жика и Саша, а тие дознаа. Договорите кои „Ѕвездите на Гранд“ ги потпишуваат со оваа куќа се прецизни, а јас не го почитував договорот“ призна Ренато за медиумите.
За потсетување, од пред неколку години во музичкото шоу може да видиме и многу македонски кандидати, а некои од нив веќе имаат потпишано договор со најголемата продукција на Балканот.