Радио Милева

Го прекина молкот: Емина Јаховиќ проговори за врската со турскиот милионер

Го прекина молкот: Емина Јаховиќ проговори за врската со турскиот милионер

Познатата пејачка Емина Јаховиќ претходната година се разведе од сопругот Мустафа Сандал, а како што тврди таа тие останале добри пријатели.

Меѓутоа, Емина набргу по разводот најде утеха во новиот турски милионер Садатин Саран.

Како што пишуваа тогаш медиумите, Емина и Садеатин беа заедно неколку месеци, па раскинаа, но сега се повторно заедно.

Јаховиќ не сака многу да го експонира својот приватен живот во медиумите, но сега првпат се огласи за новата љубовна романса.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/СТОРИСРБИЈА

„Имаше раскинување кое траеше пет месеци, но потоа ѕвездите повторно направија да се сретнеме“ вели Емина.

Таа исто така проговори за односот со својот екс сопруг Мустафа и на прашањето како се снаоѓа како „самохрана мајка“, Емина вели:

„Не можам да се согласам со изразот “самохрана мајка“ бидејќи поранешниот сопруг ми е голема поддршка во воспитувањето на децата. Имав среќа да одберам добар татко на своите деца“ вели пејачката.

За потсетување, Емина и Мустафа од бракот имаат два сина.

To top