Кумановецот Мартинијан Кириловски имавме прилика да го гледаме во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Под менторство на Јелена Карлеуша и Ивана Петерс, Мартинијан успеа да стигне до самото финале и да го освои петотто место.
Тој со својот глас и едноставност успеа да ја освои публиката, а Карлеуша неколку пати истакна дека тој и е омилен кандидат.
По завршувањето на „Ѕвездите на Гранд“, Мартинијан продолжува со својата кариера, така тој често настапува низ Македонија и се дружи со љубителите на неговата музика.
Кириловски најави дека во септември, октомври ќе издаде нова песна.
Меѓутоа во кратките приказни на „Инстаграм“ го прашаа Мартинијан дали би настапувал на „Евровизија“, а тој одговори:
„Да, животна желба“, беше краток Мартинијан.
Дали оваа желба ќе му се исполни во иднина, останува да видиме.
А и доколку се исполни, можеби ќе добие некој совет од Јелена Карлеуша која му беше ментор, но и е родена за шоубизнис.