Радио Милева на романтично патување

Го покажа трудничкото стомче: Прва фотографија од бремената девојка на Андрија Милошевиќ (фото)

Го покажа трудничкото стомче: Прва фотографија од бремената девојка на Андрија Милошевиќ (фото)

Актерот Андрија Милошевиќ го чека своето прво дете со својата девојка, актерката Александра Томиќ, а додека ја чекаат приновата заминаа на романтично патување.

Имено, тие уживаат во Будимпешта, од каде актерката објави фотографија на која позира во кариран капут од под кој наѕира трудничкото стомаче.

Од друга страна, Андрија не би бил Андрија ако не се пошегува. Тој позирал во необично издание, во кое порачал: „Посакав да бидам убав на фотографиите како сите други“, па го споделил резултатот.

Андрија неодамна за српски Курир ја прокоментирал бременоста на неговата партнерка.

„За мене тоа се интимни работи. Не коментирам многу. Во ова време во кое живееме денес, каде во последно време се случија многу трагедии, кога човек ќе се оствари на приватен план и ќе доживее таква среќа, тоа му дава мотив да продолжи понатаму“, рекол кратко актерот.

фото: пхотомастер/инстаграм

To top