Радио Милева

Го покажа трудничкиот стомак: Ана Ивановиќ воодушеви со новата фотографија, а сите коментираат само едно (фото)

Го покажа трудничкиот стомак: Ана Ивановиќ воодушеви со новата фотографија, а сите коментираат само едно (фото)

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ неодамна објави дека е бремена и по втор пат очекува бебе со сопругот Бастијан Швајнштајгер. Таа ги сподели добрите вести со следбениците на социјалните мрежи во мај годинава.

Иако е активна на социјалните медиуми, трудничкото стомаче досега не го истакнуваше, сега за прв пат беше фотографирана, така што стомакот дојде до израз.

Ана сподели фотографија на Инстаграм, објавувајќи дека ужива во еден сончев понеделник со „нејзините момчиња и стомакот“.

фото:инстаграм

Нејзината фотографија брзо доби десетици илјади лајкови, а возбудените фанови не можат да дочекаат повеќе фотографии од Ана и нејзиното семејство.

„Изгледате посреќни од кога било“, гласи еден од коментарите подолу.

To top