Популарната српска пејачка Милица Тодоровиќ ги загрижи сите свои колеги и фанови со откажување на гостување во телевизиска забавна емисија.
Популарната пејачка е во фокусот на јавноста кога се појави веста дека е во врска со познатиот српски актер, Петер Стругар. Оттогаш, интересот за нејзиниот приватен живот се зголеми уште повеќе, а неочекуваниот потег што таа го направи ,само го разгоре интересот на јавноста.
Милица, наводно, ги откажала своите настапи во наредниот период поради екстремно високата температура..
Според „Србија денес“, таа има температура од 39 и легната е во кревет.
– Жал ми е што Милица не дојде затоа што таа е секогаш во позитивно расположение, – коментираше Катарина Живковиќ во бекстејџот пред снимањето.