Поради пандемијата со коронавирусот и вонредната состојба повеќе од два месеци сме „затворени“ во нашите домови со почитување на мерките за заштита, а со проглсување на новата вонредна состојба така ќе биде во следните четиринаесет дена.
Иако надвор е пролет, а полека се наближува лето и летните одмори, се уште непознато дали ова лето ќе може и под кои услови да заминеме на одмор.
Македонската водителка Лила Филиповска изминатиот период го поминуваше во својот во стан во Скопје.
Таа често се огласуваше на социјалните мрежи апелирајќи до сите да останат дома и да ги почитуваат мерките.
Меѓутоа, сега кога полека почнаа да се олабавуваат мерките за заштита од корона и за разлика од претходно имаме поголема слобода на движење, секако под одредени препораки, Лила одлучи да се одмори надвор од Скопје.
Имено, водителката отпатува во прекрасниот Охрид и правец на плажа.
„Успеав некако да стигнам на плажа“ пишува водителката во описот на фотографиите кои ги објави на „Инстаграм стори“.
Потоа, водителката позираше на зајдисонце покрај Охридското крајбрежје, а во описот цитираше стих од песната „Сонце за три светови“ од Мики Јовановски – Џафер.
„Имам сонце за три светови“.
Погледнете ја прекрасната глетка од Охрид кој Лила ја забележа со својот мобилен телефон.
View this post on Instagram