Супермоделот Бела Хадид (26) на својот профил на TikTok објави видео во кое ја откри состојбата на лицето по претрпената инфекција на забите. Покажала отечено око, поради што лицето и било неправилно.
– Поправка на забите. Имав мала инфекција под забот каде што имав корен канал пред една година. Продолжи да се шири предизвикувајќи инфекција во вилицата. Со месеци чувствувам дека треба да го извадам за да го излечам остатокот од забот. Ве молам слушајте го вашето тело – рекла манекенката која се бори со последиците од Лајмската болест.
Пред еден месец таа коментираше дека сфатила дека нешто не е во ред со нејзиното здравје.
@babybella777i straight up brawl with myself in my sleep♬ som original – 𝐽𝐽
– Чувствувам дека нешто не е во ред. Нешто лошо се случува, оваа болка, ја чувствувам долго време – изјави Бела.
Манекенката додала дека боледува од Лајмска болест која, според неа, „пламнува“. Таа истакна дека оваа болест „ги напаѓа забите, вилицата, мозокот, ‘рбетот, коските и целиот нервен систем“.
– Секоја помала траума, без разлика дали е физичка или психолошка, може да ја влоши болеста. Вилицата ми се воспалува секогаш кога сум под стрес или преморена. Некои денови е добро, но некои денови е тешко. Но сега ми боли вилицата. Утре ќе го извадам овој заб – додаде Бела, која доби поддршка од многу фанови.
Во 2012 година, кога открила дека боледува од Лајмска болест, имала симптоми на главоболки, мозочна магла, несоница, збунетост и дезориентација. Таа исто така развила вртоглавица и анксиозност.
View this post on Instagram
Доживеала и оток на зглобовите, вкочанетост и проблеми со одење. Сега знае дека треба да реагира на првото нешто, кога нешто не е во ред со нејзиното тело, и на крајот решила да го прифати секој ден како што е, но во исто време да се трудиме да дадеме се од себе.
Инаку, Бела Хадид е прогласена за најубава жена на светот, па многу следбеници се воодушевени што таа отворено зборува за своите проблеми и споделува немонтирани видеа кои ја покажуваат вистинската состојба на нејзиното лице.
фото:TikTok/babybela777/Instagram