Англискиот актер Орландо Блум (46) и австралискиот модел Миранда Кер (39) со години беа еден од златните парови во Холивуд.
На доделувањето на наградите, забавите за познатите и сите други настани кои повлекуваа црвен тепих, немаше попопуларно дуо, а тие воодушевуваа колку се хармонични и заљубени. Меѓутоа, се испоставило дека тие не требало да остареат заедно, па нивниот брак траел исто колку и нивната врска.
Орландо и Миранда се запознале во Њујорк во 2006 година, во соблекувалната по ревијата за долна облека каде австралиската убавица прошетала по пистата.
Шармантниот актер и пришол на манекенката и го побарал нејзиниот телефонски број, но таа одбила да му го даде. Имала добра причина за тоа – била во врска со некого.
– Тој беше малку дрзок, всушност. Го зеде бројот од мојот агент затоа што не сакав да му го дадам. Потоа ми се јави и ми рече: „Можеме само да бидеме пријатели“– изјави Миранда во интервју за „Hello“ во 2008 година.
Како што објаснила, извесно време се гледале како пријатели, а потоа се родила љубов.
– Бевме пријатели некое време, а потоа прерасна во нешто повеќе – изјавила актерката.
Таа исто така призна дека поради тоа колку Орландо Блум бил популарен во тоа време, се двоумела дали да почне да излегува со него.
– Не бев многу среќна – не поради него, туку поради идејата да бидам со филмска ѕвезда – изјави Миранда Кер за австралиското шоу „Sunday Night“ и додаде дека е убедена во упорноста на актерот.
– Можеби ме сакаше затоа што мислеше дека не може да ме има – рече тогаш таа.
Две години подоцна се свршија, а еден месец подоцна се венчаа на тајна церемонија. Јавноста ги обожаваше одделно, но заедно беа уште поатрактивни, особено поради тоа колку силно се поддржуваа.
– Кога го видов на Бродвеј, во претставата „Ромео и Јулија“, останав без зборови. Некој е способен да го запамети сето тоа, да ја задржи таа енергија и така секој ден, шест дена во неделата – морам да го почитувам тоа – изјави таа за „Космополитен’.
Тие го добија своето прво и единствено дете заедно на 6 јануари 2011 година, кога манекенката го роди нивниот син Флин Кристофер Бланчард Коупленд Блум.
Интересно е што едно од неговите имиња е почит на средношколското момче на Миранда, кое загина во сообраќајна несреќа како тинејџер.
– Откако почина, му напишав писмо, во кое му кажав дека ќе го крстам своето прво дете по него. Тоа му го кажав на Орландо, а тој ми рече дека ќе биде среќен поради тоа – објаснила Миранда во едно интервју. – Орландо е добро момче.
Поради таквата хармонична врска полна со љубов, разбирање и почит, сите беа изненадени кога актерот и манекенката во октомври 2013 година објавија дека се разведуваат.
И покрај тоа што ова е крајот на нивниот брак, тие се сакаат, поддржуваат и почитуваат едни со други како родители на нивното дете и семејството.
Извор: Принтскрин/Епа/Профимедиа