Раперот и поранешен задругар Ненад Алексиќ Ша откри како неговото учество во реалното шоу „Задруга“ влијаело на неговиот приватен живот. Познато е дека Ша се развел поради неговата врска со Тара Симов во Белата куќа.
Ненад овој пат откри дека ѝ ја платил казната на Тара од 50.000 евра, но дека не жали толку колку за неуспехот и пропаѓањето на бракот.
– Потпиша казна од 50.000 евра за лично да и платиш на Тара – рече Далила.
– Тоа не е ништо во споредба со она што го изгубив поради тоа што се случи во реалното шоу. Тоа е премногу сериозна бројка, но во споредба со она што го изгубив со потпишувањето на документите за развод, тоа не е ништо! Сакав да останам чист кон сите – изјави Ша.
– Ако некој ви рече: „Еј, плати 50.000 евра за да си го вратиш стариот живот“, дали би платил? – праша Далила.
– Не, не сакам да ми се врати стариот живот. Го изгубив стариот живот, сега повторно се пронајдов себеси и пак сум стариот Ненад. Тоа е една премногу сериозна животна лекција – рекол раперот.
Фото: Принтскрин/Инстаграм