Леонардо Ди Каприо од декември 2017 година е во врска со манекенката Камила Морон од Аргентина.
Камила се досега не ја коментираше врската со Леонардо, но сега доби брутален коментар поради кој не можеше да издржи и да првпат да се огласи.
Имено, Камила на својот профил објави фотографија од Лоурен Бакал и Хампри Богарт, а во описот на истата напиша: „љубов како оваа“.
Токму тоа ги предизвика фановите да коментираат.
„Леонардо го интеренсира само твоето тело. Вашата врска ќе заврши кога ќе наполниш 25 години“ беше еден од коментарите.
Меѓутоа, манекенката не можеше да премолчи.
„Само што прочитав некои коментари на Инстаграм. Господе мој, луѓето се злобни и лути кон луѓето за кои ништо не знаат. Се надевам дека луѓето ќе научат да живеат со помалку омраза и да го насочат своето време на друго место, бидејќи животот без омраза е убав“ порача манекенката.
Наводно, Леонардо никогаш немал девојка постара од 25 години.