Радио Милева семејна какофонија

Глумицата од турските серии во приватниот живот како во турска серија: Сопругот ја „фатил жива“ како го изневерува со свекорот (ФОТО)

Глумицата од турските серии во приватниот живот како во турска серија: Сопругот ја „фатил жива“ како го изневерува со свекорот (ФОТО)

Турската актерка Гокче Бахадир (41) во која се заљубивме во серијата „Кога лисјата паѓаат“ има многу интересен љубовен живот кој го одбележа голем скандал за кој се зборуваше и пишуваше ширум светот.

Имено, на почетокот на оваа година Гокче се омажи по втор пат, со музичарот Емир Ерсој, а по романтичната венчавка на виделина излегоа деталите од претходниот брак со актерот Али Сунал (45).

Али и Гокче си го кажаа судбоносното да во 2011 година, но љубовната идила траеше само една година, набрзо следеше развод. Иако долго се шпекулираше за причината за нивното раскинување, извори блиски до Гокча излегоа со шокантни тврдења во јавноста.

Тие истакнаа дека бракот со Али се распаднал, бидејќи нејзиниот сопруг ја фатил во љубовна прегратка со свекорот, односно со неговиот татко Кемал Сунал, кој во меѓувреме починал.

 

Според турските медиуми, Али бил на пат кога неговата сопруга се забавувала со својот свекор. Се вратил дома два дена порано отколку што планирал, без претходно да и најави и каже, бидејќи сакал да ја изненади. Но, него го чекале шокантно изненадување. Веќе на влезот во дворот го видел автомобилот на татко му, а кога влегол дома ги затекнал голи снаата и свекорот додека гледаат телевизија.

Но, Суналу сепак ја најде вистинската среќа покрај сопругата Назли Курбанзаде, со која е во хармоничен брак од 2018 година, а двојката ја доби и ќерката Нарин.

Фото: Инстаграм принтскрин/ alisunal/gokce.bhdr

To top