Радио Милева мераклика на „пилетина“...

Глорија се пофали дека нејзиното ново момче е „секс машина“: Бугарската фолк пејачка ужива со 20 години помлад, кој и го украде на нејзината колешка Татјана (ФОТО)

Глорија се пофали дека нејзиното ново момче е „секс машина“: Бугарската фолк пејачка ужива со 20 години помлад, кој и го украде на нејзината колешка Татјана (ФОТО)

Бугарската фолкерка Глорија влета во љубовна аера, откако веќе ја  обзнани врската со новиот љубовник кој е 20 години помлад од неа, и очигледно е мераклија на постари жени. пејачката не престана да го фали за неговите вештини во кревет.

„Тој е крал во сексот. Многу е добар. Затоа жените сакаат помлади мажи, а не дедовци. Ноќите со него многу ме подмладуваат“-  искоментирала баба Гло, како што ја нарекуваат пејачката, фалејќи и е на една своја пријателка, пишува Лупа.

Добар е во груб секс, откриваат неговите поранешни љубовници. Очигледно и Глорија сака да биде врзувана и потчинета, сметаат некои поранешни кои минале низ креветот на мачоменот, кој е најмалку 20 години помлад од пејачката. Самата фолкерка сподели фотографија на која Добромир и подарува голем букет црвени рози.

Пред да ја започне врската со 50-годишната дива на поп-фолкот, тој имаше афера со друга пејачка на средна возраст, 44-годишната Татјана. Сепак, Глорија и позавиди на колешката и најбезмилосно и го грабна момчето.  Татјана била порезервирана и само рекла дека Добромир е многу добар во кревет. Сепак, Глорија е поекстравагантна на оваа тема, која без двоумење споделува дека младиот човек е бог во кревет и дека ноќите со него ја подмладуваат.

„Очигледно тоа е она што Глорија го бара цел живот, конечно е задоволна. И млад е и ја слуша, затоа што кај неа се парите, а  тој ја задоволува. Решила да не се појавува со возрасни љубовници, дури и на нејзините спотови“ –  велат блиски луѓе до поп-фолк дивата.

За Добромир се вели дека пред извесно време всушност бил возач на нејзината колешка Алисија.

Обожавателите на Глорија се шокирани како 49-годишна жена, која не само што е мајка, туку и баба, можела да се фати со его, но… Пејачката очигледно е мераклика на  „пилетина“!

Фото: Инстаграм принтскрин/gloria_bulgaria/ Јутјуб/Татяна

 

To top